Kомпаниите ќе се регистрираат само по електронски пат

Bez autora
Jan 16 2014

Во Македонија наскоро ќе може да се регистрира нова фирма само по електронски пат преку регистрациски агент и без надомест, а хартиеното поднесување пријави и барања за регистрирање фирма ќе оди во историјата. Тоа ќе го овозможат измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва што Министерството за економија во наредните денови ќе ги достави во владина процедура. Со измените, покрај регистрирање фирма само по електронски пат се предвидува и целосно укинување од употреба на официјалниот печат, како и лицата што ги немаат платено придонесите, даноците и царинските давачи или должат по основа на други давачки или на некој начин се на „црната листа и досега го изиграле законот“ да не можат да купат удели во фирма или да пренесат удели во друга фирма, изјави министерот за економија Ваљон Сараќини по редовната работна посета на Централниот регистар и разговорот со директорот Ванчо Kостадиновски.

Kомпаниите ќе се регистрираат само по електронски патВо Македонија наскоро ќе може да се регистрира нова фирма само по електронски пат преку регистрациски агент и без надомест, а хартиеното поднесување пријави и барања за регистрирање фирма ќе оди во историјата.

Тоа ќе го овозможат измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва што Министерството за економија во наредните денови ќе ги достави во владина процедура.

- Со измените, покрај регистрирање фирма само по електронски пат се предвидува и целосно укинување од употреба на официјалниот печат, како и лицата што ги немаат платено придонесите, даноците и царинските давачи или должат по основа на други давачки или на некој начин се на „црната листа и досега го изиграле законот“ да не можат да купат удели во фирма или да пренесат удели во друга фирма- изјави министерот за економија Ваљон Сараќини по редовната работна посета на Централниот регистар и разговорот со директорот Ванчо Kостадиновски.

Тој нагласи дека во соработка со Централниот регистар во измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва се предвидуваат и две нови електронски апликации од кои првата е за електронско избирање на стечајни управници, а вториот софтвер е за електронска продажба на стечајна маса.

- Очекуваме дека ова дополнително ќе придонесе за подобрување на бизнис-климата во Република Македонија - рече Сарачини.

Директорот на Централниот регистар рече дека целта на посетата на министерот Сараќини е да се запознае како се одвиваат тековните реформи, какви се резултатите од воведувањето на новите мерки во 2013 година и какви мерки ќе се воведат на почетокот на 2014 година.

- Предлог-измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва во насока на целосно укинување на хартиеното поднесување пријави за регистрација на нови фирми се базира на успешните мерки што ги спроведуваме во 2013 година и на резултатите што ги даваат тие - рече Kостадиновски.

Нагласи дека се зголемува бројот на регистрациски агенти, односно овластени сметководители кои имаат добиено уверение од Министерството за финансии за електронско регистрирање фирми.

- Досега обуката ја имаат поминато околу 500 регистрациски агенти, а од нив околу 130 имаат добиено овластување и веќе претставуваат електронски регистрациски канцеларии на Централниот регистар каде што сите граѓани може да поднесат барање. Ефектот од тоа е што услугата станува подостапна за граѓаните од цела Македонија и тие без никаков трошок може да започнат бизнис - рече Kостадиновски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik